Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Горецка пред соочувањето со Реал: Подготвени сме за предизвикот, сакаме да ја освоиме ЛШ

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен има просечна, лоша сезона за негови стандарди со оглед на тоа што остана без ниту еден трофеј во домашните натпреварувања, но германскиот великан се уште има шанси да дојде до најголемиот пехар-тоа е оној во Лигата на шампионите.

Од таков успех го делат два чекори од кои првиот е Реал Мадрид, најтрофејниот тим во елитната конкуренција, тим кој во претходната рунда го елиминираше првиот фаворит и се уште актуелен шампион Манчестер Сити.

„Кралевите“ сигурно во оваа битка влегуваат како благи фаворити со оглед на се што се случуваше во актуелнава кампања, таа магија што клубот ја има во ЛШ, но и фактот дека реваншот го игра на домашен терен на „Сантијаго Бернабеу“.

Меѓутоа Баерн е Баерн и од таму стигна јасна порака преку Леон Горецка.

-Јас верувам во нас. Имавме турбулентна сезона. Лигата на шампионите е наша последна шанса да освоиме титула. Ќе се подготвиме добро и ќе бидеме спремни за предизвикот, -порача Горецка.

Првото соочување е закажано за утре од 21 часот на „Алијанц Арена“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни