Англија
Гордон со мајсторија го најави потопот за Емери, чудото на „шумарите“ доби нова епизода (Видео)
Њукасл се навикна да ја победува Астон Вила во последно време, па се поизвесно станува дека Унаи Емери добива својата „црна мачка“ во Премиер лигата.
„Страчките“ двапати го победија тимот на Емери минатата сезона, а и денеска му одржаа лекција на „Боксинг деј“ и извојуваа победа од 3:0.
Избраниците на Еди Хау се навикнаа да победуваат против тимот од Бирмингем и денеска три пати погодија во мрежата на Еми Мартинез, со тоа што работата им беше олеснета и поради црвениот картон на Дуран.
Њукасл поведе уште во 2-та минута со фантастичната мајсторија на Гордон за 1:0, а во прилог на домаќините секако им одеше исклучувањето на Дуран, по кое во листата на стрелците се запишаа и Исак и Жоелинтон.
Напаѓачот Исак погоди од непосредна близина по одлична акција на домашниот тим, додека Жоелинтон со неодбранлив удар ги постави конечните 3:0.
Њукасл со оваа победа ја мина Астон Вила на табелата, па сега со 29 бода е петтоласираната екипа во Премиер лигата. Изненадување на сезоната и натаму останува Нотингем Форест, бидејќи „шумарите“ денеска најдоа лек и за Тотенхем.
Голот на Еланга беше доволен за победа од 1:0, па така сега тимот на Нуно Санто изби и пред Арсенал на првенствената табела како третопласиран со еден бод зад Челси (34 наспроти 35).
-
Англија15 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија17 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација10 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија22 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Шпанија21 час
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Шпанија8 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија11 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија11 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)