Поврзете се со нас

Англија

Гордон ќе извиси за финалето со Ливерпул, Њукасл ќе се жали за црвениот картон

Објавено

на

Foto:twitter.com/NUFC

Разочарувачкиот пораз на Њукасл од Брајтон во осминафиналето на ФА купот денеска беше надополнето и со црвениот картон за Ентони Гордон, што создава дополнителни грижи за менаџерот Еди Хау во пресрет на еден многу важен натпревар за „црно-белите“.

Гордон беше исклучен откако агресивно оттурна и закачи во пределот на главата противнички фудбалер од редовите на Брајтон, a без него Њукасл прими гол во продолжението и ги разочара домашните фанови.

Главен проблем за Хау е што на Гордон му следува суспензија на три натпревари за ваков агресивен потег, а тоа значи дека тој нема да може да игра против Ливерпул во финалето на Карабао купот.

Њукасл посакува трофеј по подолго време и неиграњето на Гордон би бил голем хендикеп, па менаџерот признал дека клубот ќе ја разгледа ситуацијат и веројатно ќе поднесе жалба за поништување на картонот.

– Ќе го анализираме моментот и ако има основа, дефинитивно ќе поднесеме жалба. Би сакал убаво да видам што се случи, па дури тогаш ќе можеме да изградиме официјален став, – рекол менаџерот на Њукасл.

Финалето на Лига купот е закажано за 16. март.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни