Горчливо деби во Европа: Зрињски ги откажа „пандевци“ на националната арена во Скопје

pandev-zrinjski

Академија Пандев својата фантастична сезона во домашното првенство ја круниса со освојување на националниот куп и пласман во квалификациите на Лига Европа, но сепак тимот од Струмица вечерва демонстрираше дека неискуството знае да биде и тоа како клучен фактор во еден европски натпревар.

„Пандевци“ имаа горчливо деби во Европа на националната арена „Тодор Проески“, бидејќи денеска доживеаја висок пораз од навидум не толку квалитетен противник. Претпоставките велеа дека Академија Пандев ќе треба рамноправно да се бори со Зрињски, но наместо тоа, македонскиот тим во ниту еден момент не се носеше квалитативно со Босанците, барем не кога е во прашање одлучноста во последната третина од теренот.

Македонскиот претставник во квалификациите во Лига Европа загуби со уверливи 0:3 и сега само теорија го остава во игра за пласман во второто коло, бидејќи на реваншот во Босна ќе треба да постигне четири погодоци за да се најде во оваа рунда. Што се однесува до вечерашниот меч, гостите поведоа со сигурни 0:2 во првото полувреме со погодоците на Хаџиќ и Мандиќ, додека погодокот на Говедарица на стартот на вториот дел се покажа како последен на едносмерната пресметка во Скопје.

Facebook Коментари