Поврзете се со нас

Македонија

Горан Петрески: Целта сезонава на Вардар е излез во Европа!

Објавено

на

ФК Вардар по две кола во ПМФЛ направи тренерска промен, а на клупат на „црвено-црните“ седна Горан Петрески.

По официјалното превземање на кормилото на ФК Вардар, Петрески за првпат се огласи во јавноста во интервју за официјалните социјалн медиуми на најтрофејниот македонски фудбалски клуб.

-Чувството да се биде тренер на ФК Вардар е големо. Ова е мој клуб во кој 10 години минав како фудбалер и уште толку како тренер во младинските погони. Вардар е еден од најголемите клубови не само во Македонија, туку и пошироко и голема чест ми е и благдарност што управата ми ја даде ова доверба да бидам прв тренер.

Јас верувам во момците, можат многу подобро, ќе работиме напорно. Од првиот тренинг денес почнавме да работиме со мојата филозофија, моите задачи ако ги исполнат нема да имаат проблем. Јас сум тренер што сака офанзивен фудбал и се надевам дека за бргу време тоа ќе го покажеме на терен.

Моите амбиции се секогаш прво место, така и во живото одам. После толку години во тешки моменти за Вардар сега доаѓаат нови ветрови, нови луѓе кои сакат да го врата Вардар онаму каде што му е место. Оваа сезона излез во Европа ќе ни е примарна цел која сакаме да ја оствариме“, кажа Петрески

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни