Гонзалез: Второто полувреме беше клучно за високата победа

raul

Вардар влезе како апсолутен фаворит на дуелот со Динамо Панчево во СЕХА лигата, а таквиот епитет го оправда без поголеми проблеми во натпревар кој повеќе личеше на обичен тренинг отколку како бил каков испит за тимот на Раул Гонзалес.  Ротациите на тренерот Гонзалес им овозможија на повеќе играчи да се запишат во листата на стрелците, која на крајот ја предводеа Марсениќ со осум, Чупиќ со шест и Кањелас со пет голови. Резултатот на полувремето беше 20:17 во ситуација кога Вардар воопшто не го даваше својот максимум, но поангажираната игра во последната четвртина од мечот на крајот му донесе сигурна победа на европскиот шампион од 42:32.

Раул Гонзалес, тренерот на Вардар имаше свое видување за натпреварот, каде потенцираше дека второто полувреме било клучно за вардарци.

– Сакам да им честитам на нашите денешни ривали, зашто Динамо играше добро. Ние имавме многу проблеми, во првото полувреме и не игравме добро. Не се чувствуваме добро, и кога игравме 5-1 одбрана со Кањељас напред. Немавме голема разлика, а Динамо играше добро. Во второто полувреме малку подобро игравме. Динамо до крај беа малку уморни и ние ја искористивме шансата. До крај требаше да биде 3-4 гола разлика, а не вака високо, – изјави Гонзалез.

Facebook Коментари