Поврзете се со нас

Италија

Гонзалес се појави на прегледи, Јувентус притиска за ангажманот на Санчо

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

По долги преговори без конкретни резултати, Јувентус викендов предизвика еуфорија кај своите фанови, договарајќи двајца и преговарајќи и за трет нов офанзивен фудбалер.

Нико Гонзалес уште денеска ќе биде потврден како нов член на Јувентус откако ја заврши својата тригодишна етапа во Фиорентина, а во Торино се очекува да пристигне и Франсиско Консеисао, кој ќе биде засилување за десната крилна позиција.

Но, она што посебно може да предизвика внимание кај фудбалските фанови е ангажманот на Џејдон Санчо.

Јувентус денеска ги прави финалните чекори за да обезбеди заем на повремениот англиски репрезентативец и се очекува позитивен исход од преговорите со Манчестер Јунајтед, каде Санчо нема иднина додека на клупата е Ерик тен Хаг.

Најдобро упатените италијански новинари тврдат дека постои оптимизам во Торино за овие преговори и Санчо наскоро би можел да ги следи стапките на Пол Погба, кој два пати го напушташе Јунајтед за да го носи дресот на Јувентус.

Нико Гонзалес уште синоќа пристигнал во Торино, а денеска се појави во медицинскиот центар каде ќе ги помине вообичаените лекарски прегледи, по што ќе биде потврден како сериозно засилување од редовите на Фиорентина.

Неговиот трансфер подразбира заем вреден 8 милиони евра, со обврска за откупување на договорот за уште 25 милиони, како и евентуални бонуси од 5 милиони евра. Она што повеќе изненадува е што Јувентус прифатил да плати дури 7 милиони евра за едногодишен заем на Консеисао, а во договорот со Порто нема клаузула за задолжително откупување на договорот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни