Гонзалес: Се е поинаку кога се игра под притисок, вечерва ќе го објавам тимот за Словенија

raul carchev chakar jan2018

Од Загреб за „Дерби“

Александар Табаковски

Македонската репрезентација е во Загреб и ги прави последните подготовки пред утрешниот прв натпревар на европскиот шампионат против селекцијата на Словенија (19:30 часот)

Во нашиот табор владеее добро расположение иако селекторот Раул Гонзалес знае дека има одреден притисок, но воедно верува оти неговите избраници ќе одиграат квалитетен меч против Словенците.

– Дојде времето за првиот натпревар. Досега беше едно, игравме пријателски натпревари, тренинзи и се беше без притисок. Сега доаѓа на ред натпреварот со Словенија, тоа е добра репрезентација, освојувач на медал од последното СП. Со почетокот на првенството доаѓа и притисокот, а кога се игра под притисок, се изгледа поинаку. Но, ние сме подготвени и мислам дека ќе одиграме добар натпревар. За конечниот список, имаме уште време. Вечерва во 20:00 часот е техничкиот состанок и тогаш ќе објавиме кои 16 играчи ќе играат утре-истакна Гонзалес.

На ова првенство Раул поведе 19 ракометари, а кои тројца ќе останат на трибините ќе дознаеме вечерва.

 

 

 

Facebook Коментари