Гонзалес: Не сакав натпревари, поважно за мене е да тренираме како екипа

raul sobir palas 2017

Македонската ракометна репрезентација оваа недела има има нов собир кој ќе послужи како добра подготовка за следниот голем предизвик, а тоа е настапот на Европското првенство во Хрватска на почеток на следната година.

Селекторот Раул Гонзалес донесе одлука за време на оваа ЕХФ недела да нема никави контролни натпревари, а причината за тоа неговото решение ја објасни денеска пред медиуми.

-Не сакав да имаме натпревари, сакам да го искористам ова време до ЕП во Хрватска. Ако сакаме да успееме мораме да тренираме како екипа, тоа за мене е многу поважно. Кога имаме натпревар, не можеме доволно да се подготвиме, да се воиграме. Верувам дека тоа е за сите подобро, -рече Гонзалес и додаде:

-Претходно кога игравме не се подготвувавме доволно, а ако сакаме да се подобриме мора да биде така. Сега имаме време, немаме притисок, оваа ЕХФ недела ќе биде многу добра за нас. Кога ќе играме на ЕП сите треба да знаат како функционира одбраната, сите комбинации, за да средбите бидат рутина. -посочи шпанскиот стратег.

Facebook Коментари