Гонзалес: Направивме се за да не ја повториме грешката од лани

raul

Ракометарите на Вардар со добра и квалитетна игра обезбедија нова победа во Лигата на шампионите и тоа на гостински терен против стариот добар ривал ППД Загреб со 29-23.

„Црвено-црните“ функционираа перфектно и носени од голманот Арпад Штербик кој собра 16 интервенции дојдоа до посакувaниот резултат пред дербито со Рајн-Некар Левен во СЦ „Јане Сандански“.

-Завршивме добра работа во Загреб. Знаевме како е да се игра овде, се сеќаваме на минатата година и направивме се тоа да не се повтори. Штербик беше одличен како и нашата одбрана од која сум задоволен. Во првиот дел дадовме неколку лесни голови, направивме поголема предност која го вториот дел ја задржавме, па дури и ја зголемивме. Задоволен сум со победата и прикажаното, -истакна тренерот Раул Гонзалес.

Facebook Коментари