Гонзалес со многу комплименти за Нант, но издвои еден играч

tose oncev

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, во најавата на дуелот со Нант изрече многу комплименти за играта на францускиот тим оваа сезона, но не пропушти да порача дека неговите играчи се подготвени за уште една победа.

Шпанецот ја прокоментира победата на Нант во Унгарија со Пик Сегед, упатувајќи дека имаат одлична низа на реузлтати откако претходно го освоија францускиот суперкуп, таканаречен „Трофеј на Франција“ во кој ги совладаа и Монпелје и ПСЖ.

– Ние сме задоволни што стартувавме со победа на гости, но сега нашите мислис се во натпреварот против Нант што го играме на домашен терен. Оваа сезона Нант игра многу добар ракомет, имаат добри играчи и засега најдобриот голман, кој имаше дури 22 одбрани против ПИК Сегед,- рече Гонзалес во својата анализа. – Ако сакаме да ја продолжиме нашата серија, ни треба победа во Скопје. Тренинраме добро, играчите се подготвени и го очекуваат овој дуел. Една од карактеристиките во играта на Нант е брзиот контра-напад, затоа мора бргу да се враќаме и да бидеме концентрирани во напад, да не правиме грешки. Очекувам интересен натпревар и се надевам дека публиката ќе дојде да не поддржи,- додаде Гонзалес.

Цените на билетите се 150 денари (стоење) и 350 денари (седење).

Facebook Коментари