Лига на шампиони
Гонзалес: Ќе биде тешко, но Барселона може да падне

За „Дерби“ од Келн,
Александар Табаковски
Ескпедицијата на Вардар е веќе во Германија каде ги прави финалните подготовки за големиот предизвик и полуфиналето со Барселона во Лигата на шампионите.
Каталонскиот гигант на хартија важи на фаворит со оглед на освоените титули и искуството од вакви натпревари, меѓутоа „црвено-црните“ си имаат свои замисли иако максимално го почитуваат ривалот.
– Барселона е квалитетна екипа со одлични играчи и тренер. Тие многупати играле Ф4 и освојувале титули. Ние имавме доволно време да се подготвиме. Треба да бидеме спремни на се, мораме да бидеме особено внимателни во првите 15 минути, можеби ќе нѐ изненадат со нешто ново. Атмосферата е добра, ние работевме напорно цела сезона и сега треба да уживаме. Треба да размислуваме и да се фокусираме само на Барселона, овој меч за нас најважен, знаеме дека ќе биде тешко ама ние сакаме да играме во финалето и поради тоа мораме 60 минути да одиграме на врвно ниво, – вели тренерот Раул Гонзалес.
Во однос на тоа дали голманите ќе бидат клучни шпанскиот стручњак вели:
-Да имате успех во ракометот треба да имате добри голмани, Барселона има, Вардар има, ама ракомет се игра со седум и сите треба да бидат подготвени. Треба одбраната да биде на ниво, да се помага и ако одбраната е добра ќе им биде полесно на голманите,- рече Раул кој не заборави да ги спомени и Македонците во таборот на Барселона.
– Кире и Борко се одлични играчи и ќе биде тешко да играме против нив,- заврши тренерот на сезоната во ЛШ.
-
Англија19 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија24 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија16 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
АБА лига23 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Шпанија20 часа
Валенсија оствари победа вредна „шест“ бода (ВИДЕО)
-
АТП6 часа
„Тајмс“: Ѓоковиќ и Мари донесоа конечна одлука за меѓусебната соработка
-
Шпанија21 час
Реал потврди повреда, Анчелоти остана без важен играч за гостувањето кај Сити
-
Италија17 часа
Магичен гол на Екеленкамп, Удинезе му „украде“ бодови на Наполи (ВИДЕО)