Поврзете се со нас

Италија

Гонзалес изведе пенал на аматерски начин, Интер освои три бода во Фиренца (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер мораше да се намачи за да освои три бода на гостувањето во Фиренца и навистина имаше многу проблеми на „Артемио Франки“, но сепак успеа да победи благодарение на капитенот Лаутаро Мартинез, но и голманот Јан Зомер.

„Нераѕурите“ се вратија на првото место на табелата по вчерашниот кикс на Јувентус и имаат бод повеќе со еден натпревар помалку, пред се благодарение на тесната победа која се оствари вечерва.

Лаутаро Мартинез го отвори резултатот со одличен удар со глава во 14-та минута, но во продолжение, Интер не беше премногу заинтересиран за обезбедување на триумфот, па се доведе во ситуација да трепери за победата.

Судијата Орелијано покажа на белата точка по кратката проверка на ВАР за прекршокот од Зомер над Ензола, но голманот на Интер си ја поправи грешката со помош на пеналџијата на Фиорентина.

Аргентинецот Гонзалес изведе пенал на аматерски начин и ја додаде топката кон голот, па откако Зомер ја прочита страната, топката ја фати жива и ја одбрани победата на Интер.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни