Гонзалес го соопшти конечниот список: Ова се 19. патници за ЕП во Хрватска!

ehf nedela raul nametki 2017

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес го соопшти конечниот список на играчи на кои ќе смета на престојното Европско првенство кое се игра во Хрватска.

Шпанскиот стратег ќе смета на 19 ракометари и тоа голманите Борко Ристовски, Никола Митревски и Златко Даскаловски, бековската линија ја сочинуваат  капитенот Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски, столбовите на одбраната ќе бидат Аце Јоновски и Велко Марковски, крилните позиции ги пополнуваат Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески, а пак улогата на кружни напаѓачи ќе ја имаат Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски и Никола Маркоски.

На овој завршен список очекувано не влегоа Мартин Томовски (голман) и Горан Крстевски (бек) кои беа изоставени и за пријателските мечеви против Саудиска Арабија и Србија во Белград на кои ние издвојувавме победи.

Нашата делегација утре заминува за Загреб, а првиот предизвик ќе го имаме на 13 против селекцијата на Словенија предводена од Веселин Вујовиќ. Потоа во групата Ц ќе се соочиме со Црна Гора (15) и на крајот со актуелниот шампион Германија (17).

Facebook Коментари