Поврзете се со нас

АТП

Гонзалес: Ѓоковиќ ги соборува сите рекорди, ама тоа не значи дека е најголем на сите времиња

Објавено

на

Веќе подолго време во тениските кругови се води дебата за тој кој е најдобар рекет на сите времиња особено сега кога на врвот по освоени титули на грен слем сцената имаме тројца асови кои се изедначени-тоа се Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Рожер Федерер.

Оваа тројка има по 20. пехари на најзначајните турнири и се чини дека само прашање на време кога некој од нив сам ќе избие на врвот со тоа што најголеми шанси му се даваат на Ѓоковиќ кој е најмлад, најконстантен и барем засега нема посериозни проблеми со повреди.

Многу познати имиња се огласија во изминатиов пеприод, па својот став околу оваа тема реши да го сподели и Фернандо Гонзалес, човекот кој своевремено беше 5. светски тенисер, играч кој доаѓаше до завршницата на Австралија Опен, Ролан Гарос, Вимблдон и Ју-Ес Опен, а освои и среврен медал на ОИ во Пекинг.

-Не толку одамна беше неверојатно некој да освои десет грен слем титули, а сега имаме тројца со 20. Што се однесува до бројките, сигурен сум дека Новак ќе заврши со најмногу слемови и можеби со најдобра статистика. Сепак, има и други фактори кои одредуваат кој е најголем.

-Новак ги руши сите рекорди и се чини дека тоа ќе го прави со години, но мислам дека не може да се каже: „Овој тип има најмногу титули, па затоа е најдобар“. Можеме да го избереме само нашиот фаворит, мене тоа е Рожер по стилот на игра: бекхенд со една рака, сервис, волеј, неговиот стил на игра е покласичен. Кога ќе го погледнете Новак се чини дека никогаш нема да ја пропушти топката, а Рафа трча насекаде и покрај тоа што целото тело се бори со него – тешко е да се каже кој е најголем, -порача Чилеанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни