Гонзалес: Фаворити сме, но тоа мора да го потврдиме на терен

raul gonzales vs metalurg 2017

Ракометарите на Вардар ја решија Барселона во Лигата на шампионите, ама тоа мора да се тргне на страна зошто во вторник следува нов предизвик дуел со хрватскиот претставник ППД Загреб во СЕХА лигата.

„Црвено-црните“ се фаворити на хартија, меѓутоа својот квалитет мора да го потврдат на теренот во „Јане Сандански“.

– Следи натпреварот со ППД Загреб во СЕХА лигата. На претходниот наш меч во ЛШ двете екипи одиграа со висок интензитет. Ако се сеќавате ние немавме добар почеток и тие имаа предност од 3-4 голови. Да, ние сме фаворити за победа, но тоа мораме да го потврдиме на терен. Треба да бидеме добро подготвени, плус  имаме проблеми со некои повредени играчи. Ова ќе биде навистина тежок натпревар, -истакна тренерот Раул Гонзалес.

Да потсетиме првиот сезонски дуел меѓу Вардар и Загреб одигра на 1 октомври во Скопје заврши со триумф на нашиот претставник со 28-21.

Facebook Коментари