Поврзете се со нас

Италија

Гонзалес: Ако Гвардиола вели така…

Објавено

на

foto: x.com/juventusfcen

Јувентус излезе како победник од соочувањето со Интер во дербито во Серија А, победа од 1-0 со која составот од Торино ја продолжи позитивнаат серија на резултати во шампионатот.

„Старата дама“ беше подобра во вториот дел и со голот на Консеисао во 74 минута дојде до три бода со кои се израмни со Лацио во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите во наредната кампања.

-Одигравме одличен натпревар, одлично прво полувреме, а во вториот дел ја разбравме играта и ја сакавме топката. Денешната победа е многу важна за нас и мораме да продолжиме, да не го спуштиме гардот и да продолжиме по овој пат. Покажавме за што сме способни. Млади сме, но сите сме зрели мажи. Секој знае што треба да направи. Како што кажавте, денеска го покажавме тоа во одличен натпревар против голем тим како Интер, со многу добри играчи. Мора да продолжиме да се бориме како денеска, -рече Нико Гонзалес кој не сака да размислува за врвот на табелата и лидерот Наполи.

-Не можам да размислувам за Наполи, едноставно не можам. Размислувам само за ПСВ затоа што сакаме да стигнеме до осминафиналето, но мораме да се бориме, надигруваме и да докажеме дека сакаме да стигнеме таму. Ќе биде многу тешко. Мора да продолжиме вака. Работејќи, борејќи се и усовршувајќи се секој ден за тимот. Секој ден треба да носиме позитивен резултат, -рече Аргентинецот кој ја искоментира и изјавата на Пеп Гвардиола дадена пред некој месец дека иднината му припаѓа на Јувентус.

-Ако Пеп тоа го вели, тој е еден од најдобрите во светот. Би било неверојатно. Тоа е визијата на Јувентус, визијата на Тиаго и нашата како група. Сепак, не можеме да размислуваме предалеку. Се фокусираме на секој ден како што доаѓа бидејќи тоа е она што е важно. Не можеме да гледаме премногу далеку во иднината. Нашата цел е јасна: сакаме да бидеме во Лигата на шампионите и следната година. Тоа е целта.

-Сакаме да играме во осминафиналето. Но ништо повеќе од тоа. Треба само да продолжиме по овој пат и да продолжиме да одиме напред. Не знам колку натпревари поминаа од последниот пораз, но мора да продолжиме вака. Останувањето обединети ни донесе позитивен резултат, -заклучи офанзивецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни