Поврзете се со нас

Свет

Гомез: Тој е на исто ниво со Меси, направи револуција на играта

Објавено

на

foto:twitter.com/Mario_Gomez

Лионел Меси е еден од асовите кој одбележа една ера во светот на фудбалот, ас кој за многумина е најдобар на сите времиња со тоа што го покажа како на клупски така и на репрезентативен план.

Секако офанзивците секогаш добиваат поголемо внимание, статус во споредба на пример со голманите, дефанзивците без разлика што овие да направат, па така според поранешниот германски репрезентативец и екс член на Баерн Минхен, Марио Гомез кога е во прашање играта и влијанието Мануел Нојер е на исто ниво со Меси.

-Би го ставил Мануел Нојер на исто ниво со Меси по важноста за играта. Не знам ни дали сите сме свесни што доживеавме со голман кој направи револуција во целата игра. Само за 20 години ќе го сфатиме тоа. Тој е голманот кој ги натера сите да сфатат дека стапалата се важни колку и рацете. Начинот на кој ги совладува и двете е неверојатен, -порача Гомез.

Нојер е навистина посебен голман, голман кој по доаѓањето на Пеп Гвардиола во Баерн Минхен стана играч плус во таборот на баварците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни