Гомез доби свирежи од англиските фанови на „Вембли“, Стерлинг веднаш реагираше (Видео)

joe-gomez

Рахим Стерлинг ја презема вината и се извини за нападот кој го изрежира над Џо Гомез на првиот собир на англиската фудаблска репрезентација во пресрет на двата завршни меча во квалификациите, но сепак, подебелиот крај оваа вечер на „Вембли“ го извлече фудбалерот на Ливерпул кој беше несфатливо исвиркан од фановите кога влезе во игра.

Дефанзивецот доби шанса од Саутгејт и го замени Маунт во 70-та минута, а и покрај тоа што Англија имаше уверливо водство од 6:0 во тие моменти, фановите одлучија да го исвиркаат Гомез кој всушност немаше никаква вина за препирката со крилниот напаѓач на Сити.

Овие сцени ги гледаше и Рахим Стерлинг од вип ложата, а непосредно по мечот, одлучи прв да се огласи на социјалните мрежи.

– Порака до сите англиски фанови. Сакав работите да ги оставам таму кадешто ги оставив, но вечерва морам пак да зборувам: Беше тешко да се види како соиграч беше исвиркан за нешто што беше моја вина. Џо не направи ништо лошо и тешко е да се види некој со наведната глава после толку напорна работа…

Facebook Коментари