Поврзете се со нас

Шпанија

Гомеш за новото засилување за Барселона: Тој е како Нејмар (ВИДЕО)

Објавено

на

Некогашниот член на Боависта, Бенфика, Фиорентина, Брага и Блекбурн, Нуно Гомеш даде свој коментар за неговиот сонародник Франциско Тринкао кој од наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Барселона.

Тринкао е еден од најголемите бисери на поругалскиот фудбал, играч кој игра фантастично во дресот на Брага, а својот напредок, знаење, квалитет ќе треба да го потврди во таборот на шпанскиот великан.

-Не чувствува притисок дури и кога игра против Порто и Бенфика, игра за да се забавува и тоа е важно. Никогаш не можете да очекувате што ќе направи, што ќе изведе и во таа смисла е како Нејмар. Нејмар е непревидлив, истото важи и за Тринкао.

-Играњето за Барселона ќе биде голем чекор за него, мислам дека е подготвен затоа што многу се подобри за кратко време, -истакна Гомеш.

Франциско има 20 години и може да ги покрие сите позиции во напаѓачката линија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни