Поврзете се со нас

Лига Европа

Головите во Скопје биле пократки, Тотенхем и Мурињо инсистирале да бидат заменети

Објавено

на

Тотенхем успеа да ја победи Шкендија во Скопје и да ја оправда улогата на фаворит во оваа пресметка од квалификациите за Лига Европа.

Жозе Мурињо го предводеше лондонскиот премиерлигаш до уште една победа во Европа, а по обезбедениот пласман во следната рунда, потврди дека неговиот клуб забележал проблем со головите и тоа неколку часа пред почетокот на средбата.

По дуелот, Мурињо потврдил дека неговите голмани за време на загревањето приметиле дека нешто не е во ред со димензиите на головите на арената „Тодор Проески“ во Скопје, по што бил алармиран делегатот на УЕФА.

Проверката покажала дека головите се 5 сантиметри пократки, по што од Тотенхем инсистирале тие да бидат коригирани со рамките на со УЕФА стандардите.

– Голманите имаат искуство и веднаш знаеја дека нешто не е во ред. Побаравме головите да бидат коригирани, тоа беше и направено, – изјави Мурињо на прес-конференцијата по натпреварот во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни