Головин стана хит: Русинот постави три рекорди уште на мундијалската премиера

golovin2

За поголемиот процент на фудбалски навивачи, Александр Головин дури денеска се претвори во вистинско откритие, па фудбалерот на ЦСКА Москва заслужено добива комплименти откако имаше две асистенции и постигна атрактивен гол од слободен удар во победата на Русија над Саудиска Арабија.

Вредните статистичари веднаш потенцираа дека Головин со ваквиот ефект истовремено поставил и три рекорди, со што на најдобар начин го отвори настапот на Светското првенство во Русија.

Тој стана првиот репрезентативец на СССР, односно Русија кој на едно светско првенство постигнал гол од слободен удар, стана првиот фудбалер на светските првенства кој на премиерниот натпревар реализирал од слободен удар и првиот играч кој имал две асистенции и еден гол на отворањето на мундијал.

За Головин наводно веќе се води жестока битка, цената сигурно му порасна уште по премиерата на ова СП, а европските медиуми тврдат дека најблиску до неговиот потпис е Јувентус.

Facebook Коментари