Поврзете се со нас

Италија

Голот на Влаховиќ вреден титула, Алегри полуде и не го дочека крајот на финалето (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус не дозволи радост на Аталанта на „Олимпико“ во Рим и го освои првиот трофеј по пауза од три години, кој најверојатно ќе биде и последен за Макс Алегри како тренер на великанот од Торино.

Според италијанските медиуми, Алегри денеска за последен пат го водеше Јувентус во едно финале, па иако не го дочека последниот судиски свиреж на истото, на крајот тој е оној што се радува по мечот кој се играше во престолнината.

Душан Влаховиќ беше клучен фактор во финалето и постигна гол уште во 4-та минута, па и покрај тоа што во продолжение имаше уште многу интересни ситуации пред двата гола, резултатот не се менуваше и Јувентус со 1:0 стигна до 15-ти трофеј во Купот.

Влаховиќ постигна и втор гол кој му беше поништен поради минимален офсајд, Лукман ја погоди стативата во обид да израмни, но гредата  во вториот дел ја тресеше и Мирети.

Во судиското продолжение, Аталанта создаде нова голема шанса за реми и продолжение, но топката не заврши во рамките на голот и можеа да здивнат сите навивачи на клубот од Торино.

Тоа сепак не беше така со Алегри кој бараше фаул во зачетокот на акцијата, по што приреди вистинско шоу препознатливо за него, кое на крајот заврши со исклучување.

Макс го фрли палтото и остсана без вратоврска додека беснееше крај аут линијата, па најверојатно ќе добие и дополнителна казна за однесувањето на натпреварот кој на крајот заврши среќно за неговиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни