Голот на Пандев недоволен, Рома ја продлабочи кризата на Џенова (Видео)

dzeko-pelegrini

Горан Пандев постигна гол за Џенова но неговата екипа не успеа да освои ниту бод против Рома (1:3), која ја прекина серијата од два пораза по ред во Серија А.

По неуспесите против Торино и Јувентус, Рома го освои целиот плен на „Мараси“, каде поведе преку Ундер уште во 4. минута, зголеми со автоголот на Бираски, а Пандев ја врати неизвесноста во 45. минута.

Сепак, домаќините не успеаја да стигнат до израмнувачки гол, а наместо тоа Џеко во 74. минута стави точка на натпреварот, поставувајќи ги конечните 1:3.

Џенова останува на 14 бодови на претпоследното место на табелата, додека Рома стигна до 38 бодови што гарантира задржување на четвртото место и по ова коло.

Facebook Коментари