Поврзете се со нас

Македонија

Голот на Блажевски доволен за прва победа на Вардар, прв триумф оствари и Шкендија

Објавено

на

Македонскиот првак Вардар стигна до прва победа во Првата македонската фудбалска лига по разочарувачкото отворање на сезоната, откако ова попладне го доби дуелот против Академија Пандев кој се одигра во Струмица.

Вип гости на овој натпревар беа Горан Пандев и Ацо Стојков, кои сепак не присуствуваа на возбудлив натпревар со многу шанси, бидејќи на крајот пресуди голот од пенал кој го реализираше искусниот Дејан Блажевски. Искусниот „Шиле“ прецизно биеше од белата точка во 77-та минута и го доведе Вардар во водство, а во обид гостите да се одбранат и да освојат три бода, на крајот имаше и тензија.

Марко Алчевски заработи црвен картон поради два жолти картони во 62-та минута, а пред самиот крај, ислучен беше и Јован Попзлатанов.

Покрај Вардар, ова попладне својот натпревар од второто коло го одигра и Шкендија, па тетовци исто така стигнаа до првиот цел плен во новата сезона, откако во првото коло ремизираа со Шкупи. Денеска Шкендија со 2:0 победи против Струга, со тоа што Тотре го отвори резутатот во 38-та минута, а Дориев ја продолжи гол серијата со погодок во 92-та минута.

За најголемото засилување на Шкендија, ова е трет гол во првите две кола, по што станува јасно дека ќе биде голем плус за тимот од под Шар Планина.

На останатите натпревари, Борец и Ренова ги поделија бодовите во натпревар кој заврши 1:1, додека Шкупи славеше над Македонија Ѓорче Петров со 3:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни