Голманскиот тренинг на синот на Клинсман стана хит на социјалните мрежи (Видео)

klinsman-jonatan

Прославениот германски напаѓач Јирген Клинсман има свој наследник во фудбалот, но за разлика од него, синот Џонатан кој има и американско потекло од својата мајка игра на другата страна од теренот.

Всушност, младиот 22-годишен Џонатан е голман и во овој момент е член на швајцарскиот клуб Сент Гален, а сега оттаму ни пристигна едно навистина интересно видео кое стана вирално на социјалните мрежи. Наследникот на Клинсман ни долови еден голмански тренинг на еден сосема поинаков начин, демонстрирајќи завидна техника со своите нозе која станува се попопуларна во модерниот фудбал кај голманите.

Facebook Коментари