Поврзете се со нас

Македонија

Голманската позиција е покриена: Павличковски се договори со Голден Арт

Објавено

на

Екипата на Голден Арт ја комплетираше голманската позиција за новата сезона и тоа со ангажманот на талентираниот Мартин Павличковски.

Павличковски потекнува од школата на Металург, но последните две години ги мина во редовите на РК Аеродром од каде доаѓа во редовите на Голден Арт. Мартин ќе се бори за минутажа со ветеранот Златко Даскалоски и Петар Виларов, односно оваа тројка треба да помогне за остварување на што подобри резултати во натпреварувачката 2022/2023.

Инаку Голден Арт ќе биде дел од групата Б од престојната сезона заедно со Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода и Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни