Лига на шампиони
Голманската лудорија на Митревски ја воодушеви ракометна Европа: Фати „жива топка“ за победа на Пелистер (Видео)

Никола Митревски прерасна во вистински херој оваа вечер во Битола, откако македонскиот репрезентативен чувар на мрежата ја одбрани победата на Еурофарм Пелистер во последниот напад (25:24).
Искусниот Митревски брилјираше на голот во текот на целиот меч против Динамо Букурешт, но остана мирен и концентриран и во најтензичните моменти во самата завршница.
Гостите од Романија на секој начин се обидуваа да освојат барем бод во „Боро Чурлевски“, па иако искусниот Али Зеин ја презема одговорноста, наиде на одговор кој малку кој го очекуваше.
Не само што му го одбрани ударот, Митревски успеа да ја фати топката „жива“ во последниот напад, а со тоа на најдобар можен начин стави крај на симултанката меѓу стативите.
Одбраната на Митревски ги фрли во транс сите присутни на трибините во Битола, но рамнодушни не останаа ниту коментаторите на ЕХФ.
Mitrevski saves the victory for Pelister!
Both Plock and Pelister are getting closer to Dinamo with 4 points in the last 2 rounds. Dinamo with the 5th CL-defeat in a row! Nothing is decided with two rounds left – Dinamo vs. Plock in next round 🔥
🎥: ehftv #handball pic.twitter.com/53xMQdh0U4— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) February 20, 2025
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет24 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Шпанија10 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона