Поврзете се со нас

Италија

Голманот Жиру се најде во тимот на колото во Серија А (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Оливие Жиру веќе некое време е мирен кога се во прашање головите во дресот на Милан, но искусниот француски ас беше еден од хероите на „росонерите“ во последната победа над Џенова во Серија А.

Милан славеше со 1-0 со доцниот погодок на Пулишиќ и тоа во средба во која Жиру во самата завршница мораше да застане меѓу стативите откако црвен картон заработи Мањан.

Жиру солидно се снајде во таа улога, имаше и една квалитетна интервенција со што ги освои симпатиите на навивачите, јавноста, па интересно голманот Оливие се најде и во идеалната единаесетка на колото во Калчото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни