Поврзете се со нас

Италија

„Голманот“ Жиру: Ќе го врамам овој дрес (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Милан успеа да избори победа над Џенова од 1-0 со погодокот на Пулишиќ во 87 минута, завршница во која пак беше исклучен голманот Meњан по што меѓу стативите застана напаѓачот Жиру.

Оливие добро се снајде во тие минути, имаше и добра интервенција и со тоа ги потврди трите бода на својата екипа. Тој на соочувањата со медиумите се појави со голманскиот дрес и порача:

-Ќе го задржам овој дрес, ќе го врамам, -порача Французинот.

„Росонерите“ сега се на врвот на табелата со два бода повеќе од градскиот ривал Интер, тим од кого на средината на претходниот загубија катастрофално со 5-1.

-Никогаш не се предаваме, добивме шлаканица во лице, но најважен е следниот натпревар. Ги кренавме главите, ја кренавме границата и сме на врвот на табелата, -истакна ветеранот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни