Поврзете се со нас

Свет

Голманот во нова акција: Илиев се договори со најдобриот клуб од Финска

Објавено

на

Foto:twitter.com/ilievdejan

Македонскиот голман, Дејан Илиев има нов ангажман и во наредниот период ќе го гледаме во Финска и тоа во најдобриот тим на оваа земја ХЈК Хелсинки.

Некогашниот член на Арсенал ги договири сите услови со финскиот шампион со кого потпиша соработка на една година со можност за продолжување за уште една.

-Јас сум многу возбуден и среќен. Моите очекувања се големи и знам каква одговорност имам кога играм за голем клуб како HJK. Ќе дадам се од себе на секој тренинг и меч за тимот, -истакна Илиев.

Дејан уште многу млад ја напушти Македонија и Беласица да се пресели во Арсенал од каде си замина во 2022 година со тоа што во тој период имаше позајмица во неколку клубови. Неговиот последен ангажман пред преселбата во ХЈК беше во словачки Тренчин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни