Поврзете се со нас

Балкан

Голманот само со поглед ја проследи топката: Мајсторски погодок на Ашковски за Ботошани (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ашковски го постигна својот прв сезонски гол во дресот на Ботошани во првата лига на Романија.

Ашковски доби шанса да влезе во 10 минута откако се повреди еден негов соиграч, а веќе во 20 на мајсторски начин, со прецизен и одмерен удар ја затрсе мрежата на домаќините за водство од 1-0. Ова водство беше активно се до 52 минута кога Дропа израмни на 1-1, резултат кој се покажа како конечен.

Стефан беше активен до самиот крај, додека пак второто полувреме за домашниот состав го одигра Виктор Ангелов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни