Поврзете се со нас

Лига на нации

Голманот на Шпанија во елемент: Фантастичната одбрана на Симон по ударот на Жота (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Шпанија ја победи Португалија со 1-0 во Брага и на тој начин го освои првото место во групата што ја носи во борба за пехарот во Лигата на нации или поточно завршниот турнир на кој ќе бидат уште Холандија, Хрватска и Италија.

Нико Вилијамс и Алваро Мората ги шокираа Португалците во 88 минута, но претходно фантастичен и сигурен на голот беше Унаи Симон кој имаше неколку квалитетни одбрани од кои за издвојување е онаа во 33 минута кога сите во Брага ја видоа топката во голот по ударот на Жота, ама голманот на Атлетик Билбао со фантастична интервенција ја сочува својата мрежа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни