Поврзете се со нас

Лига Европа

Голманот на Ренџерс нокаутираше соиграч со брутален удар со глава (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/RangersFC

Шкотски Ренџерс оствари важна и убедлива победа на гостувањето кај Фенербахче, но овој натпревар донесе и еден брутален старт на гостинскиот голман Џек Батленд.

Во ситуација кога пред себе имаше противнички играч со можност да го загрози неговиот гол, Батленд реши да им помогне на дефанзивците во расчистување на опасноста, но притоа испорача и директен удар во главата на соиграч.

„Жртва“ на Батленд беше Робин Пропер, кој беше буквално нокаутиран од својот голман и заврши на тревата, по што му требаа неколку минути да може да го напушти теренот.

Докторите беа загрижени за Пропер и побараа експресна замена, а Ренџерс најави дека дополнително ќе му бидат направени испитувања за да се исклучат евентуални последици од силниот удар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни