Поврзете се со нас

Свет

Голманот на Пењарол со маалска провокација трошеше време и ги излуде противниците (Видео)

Објавено

на

Фудбалот во Јужна Америка се сфаќа поинаку од било кое друго место во светот, па затоа нема баш место за провокации на терените на кои се презентира големата страст и борба за секоја топка.

Дерби натпреварот од Уругвај меѓу Мирамар и Пењарол е добар доказ за такво нешто, бидјеќи гостинскиот голман режираше потег кој донесе голем хаос на теренот.

Дуелот од Клаусура е добар доказ дека провокациите можат да донесат само непријатни моменти во Јужна Америка, па така голманот Вашингтон Агуере мораше да биде трган од своите соиграчи за да не биде физички нападнат.

Чуварот на мрежата реши да троши време со маалска финта, но неговото жонлгирање до толку ги испровоцира противниците, што долетаа и нервозни резерви од клупата.

Во тие моменти настана поголем хаос на теренот и мораше да интервенира судијата, но и играчите кои беа посмирени во дадениот случај.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни