Поврзете се со нас

Англија

Голманот на Милвол со брутален кунг-фу старт го испрати Матета во болница (Видео)

Објавено

на

Кристал Палас ја оправда фаворитската улога против Милвол и се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот, натпреварување кое денеска ни донесе и еден бруталент момент на мечот на „Селхрст парк“.

Домаќините почнаа со иницијатива и уште по 8 минути добија голема предност поради црвениот картон на Лајам Робертс, голманот на Милвок кој направи непромислен потег.

Чуварот на мрежата со бруталент кунг-фу потег го патосираше Жан-Филип Матета и го испрати директно во болница, каде фудбалерот на Кристал Палас ќе мора да мине период под опсервација поради ударот во главата.

Матета беше изнесен на носики и покрај тоа што беше свесен по добиениот удар, па после седум минути лекарска интервенција, неговото место на теренот го пополни Енкетија.

Кристал Палас на крајот го доби натпреварот со 3:1, а вестите од болница за Матета се позитивни, иако се очекува да остане под мониторинг најмалку до крајот на денот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни