Голманот на Мешков исклучен, одлуката на судиите предизвика дебата меѓу фановите (Видео)

ivan-pesic

Белорускиот шампион Мешков Брест денеска успеа да го победи Рајн-Некар Левен на нашиот Филип Талески во рамките на Лигата на шампионите, а тоа успеа да го направи и покрај исклучувањето на голманот Иван Пешиќ во првото полувреме.

Хрватскиот голман доби црвен картон по еден дуел со Валур Сигурдсон, а одлуката на судиите донесе голема дебата меѓу европските ракометни фанови, кои во голем дел сметаат дека литванските арбитри претерале со одлуката.

Facebook Коментари