Голманот на Менхенгладбах направи чудо, технологијата спречи да видиме фантомски гол за Баерн (Видео)

somer-baern

Баерн Минхен не искористи голем број шанси на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, а за тоа беше сурово казнет во судиското надополнување, во кое Мартинез направи пенал, кој пак во гол го претвори Бенсебаини.

Напаѓачот на Борусија ги шокираше Баварците со погодокот за 2:1, а со оглед на ова што е втор пораз во низа за шампионот, Баерн сега заостанува дури седум бода од денешниот ривал кој е прв на табелата со 31 бод. Покрај трите постигнати гола, овој дерби меч ни донесе и многу шанси на гостите, а една од нив заврши на навистина несекојдневен начин, пред се благодарение на голманот Сомер.

Кога сите ја видоа топката во голот, чуварот на мрежата со прстот ја застана топката која во најголем дел ја мина гол линијата, но сепак видео технологијата покажа дека неколку милиметри од обемот и натаму се на линијата, што спречи да видиме фантомски гол во Бундеслигата.

Facebook Коментари