Голманот на Мајорка прими пет голови, но постави рекорд на „Камп Ноу“ (ФОТО)

manolo reina

Голманот на Мајорка, Маноло Реина на саботната пресметка со Барселона на „Камп Ноу“ прими пет голови (5-2), но беше и најзаслужен што неговиот тим не претрпе вистински дебакл на гостувањето кај актуелниот шпански шампион.

Имено тој имаше дури 14 одбрани со што постави рекорд за оваа сезона кога се во прашање најдобрите 5 лиги во европа (Англија, Шпанија, Италија, Франција и Германија). Ниту еден друг голман досега не успеа да се претстави во вакво светло и да дојде до бројка од 14 интервенции во еден натпревар во сезоната, па дефинитивно оваа партија Маноло дефинитивно ќе ја памети како по добро така и по лошо со оглед на конечниот резултат.

Facebook Коментари