Поврзете се со нас

Германија

Голманот на Мајнц киксираше, Баер врза уште една победа во Бундеслигата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/bayer04_en

Баер Леверкузен се мачеше против аутсајдерот Мајнц, но на крајот ја продолжи својата позитивна серија и во новата рунда од германската Бундеслига.

Натпреварот започна одлично за избраниците на Чаби Алонсо и тоа со атрактивен погодок на Гранит Џака, кој со мајсторски гол донесе водство за домаќините во 3. минута.

Сепак, само пет минути подоцна Кор израмни за гостите, а Мајнц го имаше овој солиден резултат до 68. минута.

Тогаш Андрих погоди за домаќините и тоа со голема помош на гостинскиот голман кој киксираше и дозволи Баер да стигне до ново водство.
До крајот Нганкам доби црвен картон во гостинската екипа, со што ја искомплицира и задачата на Мајнц да направи евентуално изненадување во Леверкузен.

„Фармацевтите“ сега имаат предност од 11 бодови во однос на Баерн Минхен, кој утре ќе игра дерби со РБ Лајпциг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни