Поврзете се со нас

Европски првенства

Голманот на Лидс направи голем кикс, младите Французи не победија против Фарските Острови (Видео)

Објавено

на

Француската У-21 фудбалска репрезентација вчера освои само бод во дуелот со Фарските Острови, резултат кој може да се толкува како вистинска сензација во корист на аутсајдерот.

По убедливиот триумф над Македонија, Французите очигледно го потценија противникот и киксираа на незгодното гостување.

Она што стави печат на катастрофалниот резултат е големиот кикс на голманот на Лидс Јунајтед и француските младинци, Илан Мелие.

По ова реми, Франција и Фарските Острови имаат по 4 бодови, Македонија со само еден одигран натпревар засега нема бод, а денеска ја пречекува Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни