Поврзете се со нас

Шпанија

Голманот на Леванте правеше чуда против Атлетико, па порача: Сакам Реал да ја освои титулата во Примера

Објавено

на

Тимот на Леванте направи големо изненадување и славеше над Атлетико Мадрид со 2-0 во средбата од 24. коло од Примера.

Гостите од Валенсија максимално ги искористија своите шанси, но од друга страна на голот го имаа фантастичниот Дани Карденас кој едноставно праваше чуда и ги скроти сите удари на избраниците на Диего Симеоне.

Токму Карденас се најде во центарот на вниманието по дуелот на „Ванда Метрополитано“ и тоа не поради неговото издание туку поради изјавата дека навива за Реал Мадрид и воедно се надева оти овој клуб ќе го освои пехарот во Ла Лига.

-Тоа е тешко прашање. Од моето детство сакам тоа да биде Реал Мадрид. Целото мое семејство навива за „Лос Бланкос“, -истакна соиграчот на Енис Барди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни