Голманот на Леганес со валкана игра го намести Суарез, Уругваецот му одговори со подмолна прослава (Видео)

suarez-kueljar

Луис Суарез постигна два од трите гола на Барселона во победата од 0:3 на гостувањето кај Леганес, но покрај враќањето во голгетерски ритам, Уругваецот како многупати досега беше задолжен и во режијата на една невкусна сцена во друштво на противничкиот голман.

Всушност валканите игрри овој пат ги започна Куелјар кој со провокација успеа да го насамари Суарез кој во 53-та минута доби жолт картон му една глума на чуварот на мрежата, но затоа седум минути подоцна популарниот „Ел Пистолерро“ знаеше како да се одмазди во свој претпознатлив стил и на подмолен начин.

Суарез со доста среќа погоди за 0:2 во 60-та минута, а наместо да се радува со своите соиграчи, отиде погодокот да го прослави во лицето на противничкиот голман како одмазда за тоа што му го направи претходно.

Facebook Коментари