Поврзете се со нас

Шпанија

Голманот на Корнелја правеше чуда и одбрани два пенала, Барселона славеше по 120 минути (Видео)

Објавено

на

Барселона ќе биде дел од осминафиналната ждрепка во Копа дел Реј, откако самата направи на крајот потежок начин да се најде во оваа рунда на вечерашниот меч против Корнелја.

Третолигашот се бранеше во текот на целиот меч на домашниот терен кој има вештачка трева, а улогата на херој дефинитивно ја доби голманот Хуан Рамирез, без оглед на тоа што во продолженијата прими два гола.

Во регуларниот дел од мечот, чуварот на мрежата на Корнелја на двапати ги прочита Миралем Пјани и Усман Дембеле и ги одбрани нивните удари од белата точка, но сепак не можеше да го скроти ударот на Французинот на почетокот на продолжението.

Бидејќи натпреварот заврши 0:0, се играа две продолженија од по 15 минути, а веќе на стартот Дембеле постигна фантастичен гол од дистанца и си ја поправи грешката за нереализираниот пенал во 80-та минута.

Корнелја немаше сили да се носи со Барса откако прими гол, па пред самиот истек на 120-та минута, прими и втор гол откако несебичниот Педри го проигра осамениот Брајтвајт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни