Лига на шампиони
Голманот на Копенхаген добил смртни закани поради зајадливите коментари на сметка на Галатасарај

ФК Копенхаген испушти солидна предност на вчерашниот дуел од Лигата на шампионите против Галатасарај, а голманот на данскиот првак имал дополнителни проблеми и по средбата.
Камил Грабара добил многу навреди на социјалните мрежи, а според неговата сопруга и голем број смртни закани, поради фактот што решил да го критикува стадионот на Галатасарај.
Полскиот голман првично напишал дека неговиот тим ги заслужил трите бода на „дупката“ од стадион на Галатасарај, а потоа го сменил текстот на својата објава на социјалните мрежи со текстот „Ги заслуживме трите бода од тој посран натпревар, но таков е животот и одиме напред, – едитирал Грабара, кој уште пред средбата испратил провокација изјавувајќи дека „слушнал дека фановите на Фенербахче биле подобри од тие на Галата“.
– Камил доби над 300 пораки и уште којзнае колку коментари. Ова не е нормално, немам зборови во каков свет живееме, напишала сопругата на голманот на Инстаграм.
Данците водеа со 0:2, но во 86 и 88. минута турскиот клуб постигна голови за реми 2:2 во Истанбул.
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 24 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 21 час
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 23 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Италијапред 22 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)
-
Шпанијапред 21 час
Поранешен стопер на Барса за „Меси правилото“ на „Камп Ноу“: Не смеевме да го допреме на тренинзите