Поврзете се со нас

Германија

Голманот на Херта со комична реакција ја најави победата на Дортмунд (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Борусија Дортмунд оваа вечера дојде до три важни бода во Бундеслигата и тоа на пресметката со Херта која ја реализираше со 2-0.

„Милионерите“ се мачеа во првото полувреме за да на почетокот на вториот дел поведат со 1-0 со голот на Брант за кој виновен дефинитивно беше голманот на гостите, ветеранот Јарстејн кој имаше комична реакција.

Потоа клубот од Берлин остана и со играч помалку по исклучувањето на Дарида за да во 91 минута нововлезениот Мукоко го потврди триумфот на Дортмунд.

Четата на Терзиќ со 42 бода се наоѓа на 5 позиција на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни