Голманот на Брајтон: Му благодарам на Реал што го купи Азар, тоа што ми се случи беше фрустрирачки

ryan-azar

Метју Рајан е прв голман на австралиската фудбалска репрезентација и веќе две години го брани голот на премиерлигашот Брајтон, тим кој и во новата сезона ќе биде дел од елитата откако успеа да си обезбеди опстанок во претпоследното коло.

Рајан пристигна во Англија од редовите на Валенсија каде не се изнаигра поради силната конкуренција, но дефинитивно во Англија успеа да го добие континуитетот кој направи да видиме неколку одлични негови изданија изминатава сезона. Австралиецот е среќен што во Премиер лигата има можност да игра со многу добри играчи, но сега признава дека е среќен што веќе нема да мора да стравува од Еден Азар кој направи трансфер во Реал Мадрид.

– На четирите натпревари на кои играв против Азар, не успева да одбранам ниту еден шут. Тоа беше фрустрирачки, затоа мислам дека е многу добро што си отиде. Му благодарам на Реал што го купи Азар, нема да треба да мислам на него, – изјави Рајан за „Фокс Спортс“.

Facebook Коментари