Поврзете се со нас

Свет

Голманот на Бока ќе го засили тимот на Роналдо

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Ал Наср ги засили своите редови со квалитетен голман, кој ќе остане до крајот на сезоната.

Агустин Роси доаѓа од редовите на Бока Јуниорс и пристигнал во Ријад, каде ќе биде промовиран откако ќе ги мине лекарските прегледи.

Роси не прифати продолжување на соработката со Бока и веќе има договор со Фламенго за следната сезона, но дотогаш ќе настапува за Ал Наср.

Кристијано Роналдо пред неколку дена дебитираше за Ал Наср, а клубот од Саудиска Арабија сега ќе се засили и на голманската позиција во обид да ги оствари своите амбиции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни