Голманот на Амиен со хорор старт го „разнесе“ Мбапе и ги исплаши фановите на ПСЖ (Видео)

gurtner-mba

Амие успеа да издржи во првите 45 минути во куп натпреварот против ПСЖ, но начинот на кој стигна до таква цел ги разбесни фановите на ПСЖ бидејќи домаќините во најголем дел употребуваа и прекумерна сила за да ги сопрат налетите на фаворитот.

При една таква ситуација, работата излезе од контрола благодарение на голманот Режис Гуртнер кој изведе еден хорор старт со кој го „разнесе“ Мбапе кој леташе неколку метри. Судијата без никакво размислување му даде црвен картон на домашниот голман во 34-та минута, а вистинска среќа беше тоа што Мбапе се опорави од ударот на коленото и ги доигра преостанатите десет минути од првиот дел.

Facebook Коментари