Шпанија
Голманот Лунин фантастично асистираше, Винисиус ја потопи Осасуна (Видео)
Реал Мадрид им се врати на победите по двата непријатни порази од Барселона и Милан, пред се благодарение на разиграниот Винисиус Жуниор кој денеска си поигруваше со играчите на Осасуна.
Бразилецот постигна три гола во триумфот од 4:0, но за одбележување е и првиот гол на Џуд Белингам во дресот на Реал по пауза од шест месеци.
Уверливото издание на „кралевите“ донесе голема сатисфакција кај навивачите на „Бернабеу“, но имаше и моменти на разочарување поради повреди на тројца фудбалери.
Милитао, Родриго и Васкез предвреме го завршија натпреварот, а се чини дека овој првиот заработи тешка повреда на коленото и можно е да отсуствува со месеци.
Карло Анчелоти сигурно нема да биде задоволен од ваквото сценарио, но барем на репрезентативна пауза ќе оди позадоволен од изданието на неговиот тим.
Винисиус во три наврати го матираше Ерера, но највпечатлив беше вториот гол кога доби асистенција од голманот на Реал, Андреј Лунин.
Од друга страна, извонредна асистенција запиша и младиот Раул Асенсио, кој откако го замени повредениот Милитао, испорача мајсторско додавање до Белингам.
Головите погледнете ги ТУКА
-
Шпанија17 часа
Мбапе презема одговорност и им се обрати на навивачите на Реал по новиот промашен пенал (Фото)
-
Англија16 часа
Кин запрепастен од еден играч на Јунајтед: Неговото ниво на фудбал е шокантно!
-
Шпанија14 часа
Анчелоти за играчот кој направи голема грешка при голот кој донесе пораз за Реал: Тој е недопирлив
-
Англија13 часа
Мареска откри дека казнил еден стартер на Челси поради недоволно залагање на тренинзите
-
Англија14 часа
Аморим: Постоеше само една разлика меѓу Арсенал и Јунајтед
-
Свет3 часа
Реал во група со тимот на Нејмар и Митровиќ, Интер Мајами ќе игра на отварањето на Светското клупско првенство (ФОТО)
-
Англија12 часа
Салах изби на првото место на една уникатна листа: Мо ги остави Руни и Анри зад себе со новиот рекорд (Фото)
-
Англија15 часа
Гвардиола го испофали Де Брујне, но соопшти уште една ужасна вест за повреда на важен стартер